Акционен план за заштита од поплави за општина Могила

Преку серии на работилници водени од експертки, во Општина Могила се изработи Акционен план за заштита од поплави за Општина Могила за периодот од Јуни 2021 година до Јуни 2022 година. Во работилниците, односно изработката на овој Акционен план за заштита од поплави зедоа учество претставници од Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, претставници на Општина Могила и ЈКП Пела Хигиена Могила.

Акциониот план се состои од поплави и ризици од поплави, институционална и законска рамка, проценка на ризици од можни поплави, дефиниција и мапирање, мерки за превенција и заштита од поплави и управување со ризик.

Откако беше изработен акциониот план, беше предаден на официјалното лице од Општина Могила за раководство со природни катастрофи и непогоди во општина Могила.

Дополнително планот ќе се испрати на одобрување во Министерство за животна средина и просторно планирање, по што следува и негово гласање од страна на советот на Општина Могила како официјален документ на општината.