Завршна конференција

После двегодишпно успешно реализирање на проектотПревенција од поплави за заштита на животната средина“, се организира неговата Завршна конференција на која беа презентирани резултатите од истиот. Конференцијата се оджа во село Могила. На завршната конференција присуствуваа преставници од општините, дирекцијата за заштита и спасување, јавните комунални претпријатија, месните заедници, здруженија на граѓани и граѓани кои беа вклучени во серијата активности на проектот. Пред присутните беа презентирани резултатите како одводните канали во општините Могила и Малиќ. Потоа беа презентирани акционите планови за Могила и Малиќ како и заедничкиот акционен план на двете општини за справување и спречување на поплави. Потоа пред присутните беа презентирани видеата кои ги промовираа резултатите и платформата преку која жителите на Могила и Малиќ секојденвно добиваат информации за ризикот од поплави.        

Конференцијата заврши со размена на исксутва и договори за соработка во иднина на двете општини.